Завршни зборови во случајот „Тенк“ за Јанкулоска

Гордана Јанкулоска

Во Кривичниот суд за денеска се закажани завршни зборови за предметот „Тенк“, во кој се води одвоена постапка против обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. Како што е наведено во обвинителниот акт, Јанкулоска за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело.

Во „Тенк“ веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор.

Апелацискиот суд Скопје одржа јавна седница по жалбите за првостепената пресуда за Груевски и Поповски, но одлука се уште не е донесена.

За денеска се закажано рочишта и за предметите „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“.