Меѓународна заедница - Сè е во рацете на Парламентот

Канада и Италија се меѓу земјите кои очекуваат македонското Собрание да ги одобри уставните измени и да продолжи со спроведување на Договорот.

„На 30 септември граѓаните на Македонија имаа уникатна можност да го изберат правецот по кој нивната земја треба да се движи, напишаа во заедничка изјава амбасадорката на Канада за Македонија, Кати Чада и специјалниот претставник за ЕУ и Европа и канадски амбасадор во Германија, Стефан Дион.

И италијанското Министерство за надворешни работи се огласи по референдумот во Македонија и изрази надеж дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени со Договорот од Преспа.

Со слични пораки се огласија и Германија и Франција.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск преку заедничко соопштение оценија дека сега сè е во рацете на политичарите во Скопје да одлучат за патот понатаму.