Амбасадата на Русија во Македонија на својот Твитер профил реагираше на насловната страна на британскиот весник „Гардијан“, на која пишуваше дека резултатот на референдумот во Македонија е уште една победа за Русија.
Руската амбасада во својот пост наведува дека обвинувањето дека Русија стои зад неуспехот на референдумот во Македонија, значи дека недостига експертиза или пак станува збор за намерно потценување на македонскиот народ
„Ниту едното ниту другото не е добро за вашата репутација, наведува во статусот Амбасадата на својот профил на Твитер.