Ученици фрлиле соученичка од прозорец

Инцидентот со 14-годишното девојче кое било фрлено од четири соученици од прозорецот на училницата на приземје се случил во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром. Случајот денеска бил пријавен во полиција.

Инцидентот се случил во петокот во периодот од 10:30 до 11 часот за време на малиот одмор кога четирите соученици го фатиле девојчето за нозе и раце, го отвориле прозорецот од училницата и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди.

Од МВР информираат дека родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.