Во Москва средба Путин- Вучиќ

Од средбата Путин- Вучиќ во мај 2018

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Москва ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин.

Вучиќ најави дека на средбата ќе стане збор за билатералните односи, за ситуацијата во регионот и во светот, за да добие совети за тоа како Русија да и помогне на Србија во остварување на политичките и национални цели.

Ќе разговараме и за многу конкретни проекти. Тие се значајни за подобар живот на нашите граѓани, животниот стандард на нашите луѓе, додаде Вучиќ.