Заев: Од утре разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека од утре ќе започнат разговорите со ВМРО -ДПМНЕ околу обезбедувањето на двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени во Собранието кои се потребни за имплементација на Договорот за името со Грција. Тој изрази надеж дека ќе успеат да се договорат со опозициската партија и уште еднаш повтори дека доколку тоа не се случи се подготвени на одржување на предвремени парламентарни избори.