Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, со локален дожд во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура се движи од осум до 16, а дневната ќе биде од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 24 степени.
Од утре времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има в среда и петок.