Според обработените 80 проценти од избирачките места што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,2 проценти или 458.053 граѓани, а „против“ биле 5,86 проценти или 29.448 граѓани. Неважечки се 2,94 проценти.
Последниот податок за излезеноста што ја објави ДИК е од 18:30 часот кога одѕивот бил 34,09 проценти. Се очекува ДИК на прес-конференција да излезе со првични неофицијални податоци.
Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.