Премиерот Зоран Заев по завршувањето на гласањето на референдумот изјави дека успехот е заеднички и на граѓаните и на земјата. Тој вели дека без разлика на организираниот бојкот од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, секако, како што вели, со чесни исклучоци, очекува дека огромно мнозинство од граѓаните кои гласаа го избрале европскиот пат за Македонија.
„Гласот на граѓаните на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако имаме огромно мнозинство „за“ од тие што гласале, тогаш јасна е иднината, гласот на пратениците треба да биде глас, за да ги забрзаме процесите во ЕУ и НАТО. Пратениците на ВМРО -ДПМНЕ очекувам да ја почитуваат волјата и одлуката на граѓаните, а во спротивно нема друго, ни останува другата демократска алатка, предвремени парламентарни избори веднаш“, рече Заев.
Тој изјави дека ќе продолжи да ја води земја напрад и дека Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.