Цивил – Без сериозни инциденти, но со голем број помали нерегуларности

Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил

Набљудувачите на Цивил – Центар за слобода, јавуваат за нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи. Претседателот на организацијата, Џабир Дерала, вели дека е референдумскиот ден изминува без сериозни инциденти, но со голем број помали и поголеми нерегуларности.

„Овој ден ќе го запомниме по масовното кршење на изборниот молк и попречување на гласачите да ја изразат својата волја на референдумоте“, рече Дерала.

Од Цивил забележуваат и дека на социјалните мрежи се врши груба кампања со стигматизација на тие што гласаат, со објавување на нивни фотографии. А имаат и сериозни забелешки поврзани со Избирачкиот список.