Излезноста до 16 часот била 26 проценти со маргина на грешка од +/-0,4 отсто, информира претседателот на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.
Тој рече дека на гласачко место во Чаир, 11 лица не се пронашле на избирачкиот список.
На избирачко место во Општина Центар регистрирани се 12 случаи на групно гласање.