Кривично ќе се гони момчето кое нападна тројца полициски службеници во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за време на гласањето, информира јавниот обвинител Џељал Бајрами.
На уапсениот ќе му биде поднесена кривична пријава за Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Со овој настан не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало некакво влијание кон гласачите во остварување во гласачкото право, вели Бајрами.