Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска има околу 100 тимови по двајца набљудувачи распоредени на гласачки места низ државата кои ќе информираат за гласањето на референдумот.
Шефот на Мисијата Јан Петерсен рече дека набљудувачите се на гласачките места пред почетокот на гласањето и ќе бидат таму во текот на денот.
Ние само набљудуваме, не се мешаме на никаков начин, не даваме коментари, нема да даваме проценки пред нашата прес-конференција закажана за утре, изјави Петерсен, кој набљудува на гласачко место во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Ве уверувам дека 100 тимови е адекватен број за да ги обезбедат потребните статистички материјали за нашите заклучоци кои ќе ги презентираме утре, додаде Петерсен.