Во општина Тетово во првите два часа од гласањето на референдумот своето право го искористиле 2, 21% од гласачите. Гласањето се одвива тековно и без проблеми по отворањето во 7 часот.
Општинската изборна комисија на Тетово има надлежност на 117 избирачки места и изјаснувањето за референдумското прашање се одвива без проблеми, изјави претседателот Артан Адеми.
Во останатите општини во Тетовско, до 9 часот во општина Боговиње гласале 1,73 % од 27. 332 запишани избирачи. Во општина Брвеница, 1,52% од 14.506 гласачи. На гласањето во општина Желино има 1,96% излезност од 23.229 граѓани. Процент од 2,19 од 10. 200 жители бележи општина Јегуновце, додека во Теарце гласале 2,44% од 22.054 гласачи.