Гласањето без проблеми и во најзападните општини

Во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше гласањето на денешниот референдум стартуваше навреме и без проблеми.

Во општина Дебар, според претседателката на ОИК Елмира Бакали регистрирани се 18.318 гласачи а се гласа на 27 избирачки места. До 9 часот гласале 199 избирачи, или 1,1 насто.

Во општина Маврово и Ростуше бројот на гласачи е 9.672. Претседателот на ОИК Харис Ибраими изјави дека се евидентирани 39 гласачки места, но поради тоа што во 4 од нив нема доволен број гласачи, се гласа во 35 гласачки места. До 9 часот гласале 39 избирачи.

Во општина Центар Жупа според претседателот на ОИК Еран Зубер бројот на гласачите е 6.686, додека бројот на гласачките места 16. До 9 часот гласале 148 избирачи или 2,3 насто.