Сите 167 избирачки места во Општина Куманово се отворени на време, а на нив своето право на глас ќе можат да го остварат 92 илјади и 691 граѓанин, соопштуваат од Општинската изборна комисија.
На 38 избирачки места, три илјади и 367 граѓани ќе гласаат во Општината Старо Нагоричане, а во Липково на 36 избирачки места ќе можат да гласаат 25 илјади 232 гласачи.
Според Звонимир Николовски и Драган Јовановски, претседатели на ОИК во Куманово и Старо Нагоричане, изминатите два часа од почетокот на гласањето не се регистрирани никакви нерегуларности.