Објавувањето фотографии на гласачи е противправно дејство кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон, соопшти Јавното обвинителство. Ваквите постапки, според нив, ќе бидат предмет на приоритетно постапување на Јавното обвинителство.
Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, денеска реагира дека инцидентите забележани пред едно од гласачките места во странство ја нарушуваат слободата на граѓаните да го искористат своето право на глас.