Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат денеска и утре (29-ти и 30 септември 2018). Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведена постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
„Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29 септември) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на референдумот (недела, 30 септември) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот, соопшти МВР.