Бојкотирачи на референдумот денеска ги снимаат и ги навредуваат граѓаните кои гласаат во дијаспората. Според снимките објавени на Фејсбук страницата „Предавници“, станува збор за гласањето во Мелбурн, Австралија. Бојкотирачите ги објавуваат со име и презиме тие што гласале и ги прогласуваат за предавници.
МВР, пак, апелира до сите утре да се воздржат од „какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.
„МВР ќе преземе се што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја“, се наведува во денешното соопштение од МВР.