Руската црква со предупредување до вселенскиот патријарх

Архивска фотографија- православна црква во Киев

Руската православна црква предупреди дека ќе ги прекине односите со вселенскиот патријарх Вартоломеј Први ако и даде автономија на православната црква во Украина. Предупредувањето следува откако Вартоломеј Први вети дека ќе овозможи православната црква во Украина да добие автокефалност. Руската православна црква, која е најголема православна црква, жестоко се противи на таа одлука.

Црквата во Украина пак стотини години беше поврзана со московската патријаршија иако многу парохии се одвоија во минатите две децении за да направат посебни цркви. Барањата за независност се засилија по руската анексија на Крим во 2014 година.

Портпаролот на Московската патријаршија Владимир Легојда предупреди дека тие ќе ја прекинат евхаристичката заедница со Вселенската патријаршија ако се дозволи автокефалност на украинската црква.