Од ноември стартува авионска линија Скопје - Атина

Архива: меѓународниот аеродромот Скопје.

По повеќе од десет години пауза, од 1 ноември Скопје и Атина авионски ќе се поврзат со летови секој вторник и четврток преку грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“, потврдуваат за МИА од компанијата.

Распоредот на летови е од 01.11.2018 до 28.03.2019 според зимската програма на компанијата, а дополнително ќе биде објавен летниот распоред. На сајтот на компанијата веќе има можноста за резервација на билети.

Двета главни града ќе ги поврзе авион на „Olympic air“, подружницата на „Aegean airlines“, а летовите ќе бидат со авион „Q400“ со капацитет од 78 патници.

Секој вторник авионот од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, односно во 9.45 од Скопје по македонско време. Во четврток, летот од грчката престолнина е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот. Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути. Од 2003 година, неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, што беше прекинато