Почетокот на подготвителниот скрининг со Македонија е знак за силната заложба на Европската унија кон земјата, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан додавајчи дека оваа фаза со Македонија и Албанија очекува да заврши до следното лето за првата меѓувладина конференција да се одржи есента 2019 година и со тоа официјално да започнат преговорите за членство. Хан сепак истакна дека преостанува многу реформска работа до таа цел.
„Нашите односи влегоа во одлучувачка фаза, ова е процес што ќе ве направи способни да ги спроведете реформите за еден ден да станете членки на нашата голема европска фамилија, рече Хан. Тој додава дека ова е само почетокот и дека тешка работа претстои пред сите страни.
Македонија и Албанија во јуни годинава добија условен датум за старт на преговори за членство во Европската Унија. Поставените услови за двете држави се позврзани со владеењето на правото и тоа е областа со која започнуваат преговорите со ЕУ.