Кристин Бласеј Форд, која го обвини за сексуално вознемирување, кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за судија на Врховниот суд, Брет Кавано, денеска сведочеше пред комитетот за правда во американскиот Сенатот.
Таа одговара на прашања поврзани со нејзиното обвинение. Бласеј Форд вели дека е апсолутно сигурна оти Кавано бил тој што сексуално ја нападнал и дека не го помешала со некој друг. Инцидентот се случил во 1982кога и Бласеј Форд и Кавано биле тинејџери. Кавано и негов другар ја принудиле да влезе во спална соба во куката во која биле на седенка. Таа сведочеше дека Кавано ја турнал на креветот и почнал да ја допира по телот. Не можела да се ослободи од него, оти бил потежок.Тој се обидел и да ја соблече.
„Верував дека ќе ме силува“, рече таа пред Комитетот за правда.
Тој се обидел и да ја спречи да вика, ставајќи и рака на уста.
Потоа таа успеала да избега.Таа вели дека тој напад битно го променил нејзиниот живот.
Бласеј Форд негира дека нејзиното сведочење е политички мотивирано.
Кавано подоцна денеска исто така треба да сведочи. Тој досега се изјасни дека не е виновен.