Украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика нации во светот да помогнат во спречувањето на руската агресија во неговата земја, велејќи дека борбата против таквиот „експанзионизам“ е дел од мисијата на Обединетите нации.
Порошенко искористи голем дел од неговиот говор на 26 септември пред Генералното собрание на ОН за критика кон Русија, која го анектираше украинскиот Полуостров Крим во 2014 година и оттогаш ја поддржува сепаратистичката војна во која загинаа повеќе од 10.300 луѓе.
Порошенко рече дека ништо нема да ги спречи руските „агресивни експанзионистички политики“, доколку светските нации не дојдат заедно да се соочат со лидерите на Москва.
„Од нас зависи дали ќе се погрижиме. Спротивно, која е идејата да бидеме овде?“, праша Порошенко.
Русија веднаш не даде одговор на говорот на Порошенко. Кремљ отфрла било каква директна вклученост во конфликтот во источна Украина.
Во одделен форум на ОН, руската новинска агенција Интерфакс објави дека Порошенко го повторил својот повик за мировна операција на ОН во Украина, велејќи дека тоа ќе помогне во обновувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.