Вангеловски во ЈОРМ сведочеше за злоупотреба на АКМИС системот

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска беше на распит во Јавното обвинителство во Скопје за злоупотребите со електронски систем за распределба на предмети (АКМИС). Тој по завршувањето на распитот за медиумите само кратко изјави дека во обвинителството бил како сведок во предистражната постапка.

Министерството за правда претходно изготви извештај за бројни нерегуларности со распределбата на предмети во Врховниот, Кривичниот и Апелациониот суд.