Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека македонскиот идентитет е потврден со Договорот со Грција.
"Ќе бидеме Македонци од Република Северна Македонија. Тоа е чувство, никој не може да ни го земе. Ќе се обратам во Парламентот на Република Северна Македонија, ама ќе зборувам за македонско девојче, македонска култура, за Македонски Брод. Никој повеќе на свет нема да не спори, сите не имаат признаено", рече Заев.
На поставено прашање од публиката Заев рече дека уставот ќе претрпи четири промени, а тие би поминало во Собранието со еден амандман.
Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее, како што потенцираше Заев се додавање на географската одредница,преамбула за зајакнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМ, зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, и грижата за дијаспората по стандарди на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ