Столтенберг - Членството во НАТО ќе ѝ даде на вашата земја рамноправен глас

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференција во Скопје

Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце. Ве чекаме во НАТО, порача денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Повторно покажавте храброст, вели во видеообраќање Столтенберг, да го пробиете вашиот сопствен пат кон независност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во НАТО.

„Членството во НАТО ќе ви ја даде вам и на вашите деца сигурноста што доаѓа кога сте дел од најуспешната светска алијанса, и ќе даде на вашата земја рамноправен глас во нашите дискусии и рамноправно изјаснување во нашите одлуки, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.