Харадинај во Њујорк ќе лобира за јакнење на позициите на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ќе ја искористи посетата на САД за лобирање за јакнење на меѓународната позиција на Косово. Харадинај на Фејсбук напиша дека за време на неговата официјална посета на САД, ќе се среќава со премиери и делегации, кои учествуваат на Генералното собрание на Обединетите нации, со акцент на презентацијата на достигнувањата на Косово, зачленувањето на земјата во меѓународните организации, привлекување директни инвестиции во земјата и други теми кои се во интерес за Косово. А, покрај тоа, како што пишува, во правец на јакнењето на партнерството со САД, ќе се сретне со сенатори, конгресмени и влијателни личности во Вашингтон.

„Евроатлантскиот пат на земјата е неповратен“, напиша Харадинај на Фејсбук.