Трамп ќе говори на ГС на Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се фокусира врз „надворешно политичките успеси“ за време на неговото обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации на 25 септември во Њујорк. Американската амбсадорка во ОН Ники Хејли изјави дека Трамп во своето второ обраќање пред Генералното собрание ќе зборува за градењето врски со земјите кои ги споделуваат американските интереси.