МВР: Во две возила откриени 21 илегален мигрант

Македонска полиција, МВР.

Македонската полиција во две патники возила пронашла 21 илегален мигрант, по што возачите на возилата излегле и избегале, соопшти МВР.

Од МВР наведуваат дека полициски службеници вчера околу 21 и 30 часот во струмичкото село Водоча запреле две патнички возила: „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и „Ауди А6“ со струмички регистарски ознаки, во кои биле пронајдени 21 имигрант.

Веднаш по запирањето на возилата возачите на двете возила излегле и се дале во бегство, а во возилата биле пронајдени мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак.