Сајбер заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества, што причина тие да се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на меѓународна министерска конференција „Високотехнолошки криминал и информатичка безбедност“ во Белград.
Од МВР соопштуваат дека во однос на активностите на македонската полиција, Спасовски посочил дека нормативните промени се целосно хармонизирани и во соработка со ЕУ. Тој исто така посочи дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР како клучен во превенција и борба против овие облици на криминал.
„Нашето министерство се фокусира на развивање на капацитетите за обезбедување на електронски докази и информации во електронска форма со цел поддршка на сите истраги кои што се водат во рамки на инстиуцијата“, нагласи Спасовски.