ИВЗ повика да се гласа „за“ на референдумот

Архивска снимка

Сите припадници на Исламот, на 30 септември, масовно да излезат на референдумот и да кажат ДА за интегрирањето на Македонија во НАТО и во Европската Заедница, повика денеска Ријасетот на Исламската верска заедница.

„Ријасетот ќе ги задолжи сите свои структури, органи, институци како и своите вработени да бидат во постојан контакт со муслиманските верници во земјата, да ја објаснат историската пресвртница што ќе произлезе од нивното масовно гласање за интегрирање на Македонија во структурите што се гаранција за мирот, заедништвото и перспективата на земјата и општеството во целост“, стои во соопштението од ИВЗ.