Ова е најдобрата година што можеше да ѝ се случи на Македонија, кога се отворени шансите за членство на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, истакнал Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг, на денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев, соопшти владината прес-служба.
На средбата, според владиното соопштение, Сарацин изразил поддршка за успешен референдум, а заедно со Заев оцениле дека „сите политички субјекти и граѓани во државата треба да покажат одговорност, за остварување на стратешките државни цели“.