Матис: На референдумот ќе одлучите за вашата иднина

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во посета на Македонија. 17.09.2018

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација, на кој ќе одлучите за вашата иднина, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Го препознаваме комплексниот политички процес кој ви претстои и ве поддржуваме во остварувањето на вашиот демократски глас и одговорност да гласате“, рече Матис.

Тој истакна дека Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на пристапување во НАТО и ЕУ и оти ќе ги зајакне безбедноста и економнскиот развој на Македонија.

Тој исто така нагласи дека Алијансата се залага и зачувување на територијалниот интегритет, на слободата и демократијата: „ние сме подготвени да ви поскаме добредојде како 30-та членка на НАТО, порача секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис.