Матис пречекан пред владата во Скопје

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изутрината пристигна во Скопје. Во владата тој имаше средба со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.Матис во минатата недела најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.