Столтенберг: Русија го попречува влезот на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека го попречува членството на Македонија и во Алијансата. „Русија се обидува да го попречи приклучувањето на Македонија во НАТО, како што е случајот и со Црна Гора каде што видовме и неуспешен обид за преврат“, изјави тој во обраќањето во фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон. Според Столтенберг, има многу примери за обид на Русија да се вмеша во политичките процести на НАТО земји и државите партнери.