Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изутрината пристигна во Скопје. Тој беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска по што замина во Владата на средба со премиерот Зоран Заев. По средбата предвидени се заеднички изјава за медиумите. Матис во минатата недела најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.