„Њујорк тајмс“: Москва во кампањата за бојкот на референдумот

Москва

„Москва прави големи напори за неуспех на референдумот на кој на 30 септември Македонците треба да се изјаснат дали прифаќаат влез на земјата во ЕУ и НАТО“, објави синоќа „Њујорк тајмс“, оценувајќи дека главна цел на оваа пропагандна кампања која се одвива по македонските социјални мрежи и по медиумите е спречување на ширењето на НАТО. Весникот наведува дека американскиот Конгрес на почетокот на 2017 година одвоил 8 милиони долари буџетски средства за борба против руската пропаганда во Македонија, но парите сеуште не се искористени. „Средствата за борба против руската пропаганда во Македонија беа задржани цела година и допрва треба да бидат ефективно распределени“, изјави за весникот анонимен извор.