Американскиот секретар за одбрана Матис во Македонија

Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис

Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис за време на денешната официјална посета на Република Македонија ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Претходно, за американската делегација предводена од Матис, ќе биде организиран свечен пречек на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата. Матис во минатата недела изјави дека ќе дојде во Македонија за да даде јасна поддршка за референдумот, но и да изрази загриженост поради можно мешање на Москва во процесот. Прв пат во изминатите 14 години, во Македонија доаѓа американски секретар за одбрана.