Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора ќе ги преиспита односите со Европската унија доколку во Брисел почне да се менува мислењето за проширување.
„Не станува збор за евроскептицизам, туку за повикот да бидеме партнери. Црна Гора, Унијата ја доживува како привилегиран партнер, бидејќи им дозволуваме да ни кажат што и како да правиме“, наведе црногорскиот претседател.