МПЦ-ОА: Граѓаните по свое уверување ќе се изјаснат на референдумот

Илустрација: Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија смета дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.

„Светиот архиерејски синод на МПЦ - ОА ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор“, се вели во соопштението од Синотот од неговата денешна редовна седница.