Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа. Во соопштението на Стејт департментот се посочува дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане членка на НАТО како Северна Македонија. „Тоа ќе го олесни отварањето на преговорите за членство во ЕУ, од што корист ќе имаат двете земји а тоа е зацврсување на регионалната безбедност и поттикнување на развојот“, се вели во соопштението до МИА, во кое високо се оценува, како шт се вели покажаната визија, храброст и истрајност на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Во Скопје денеска доаѓа помешникот државен секретар за Европа и Евроазија, додека за викендот закажана е посета и на државниот секретар за одбрана Џејмс Матис. Двајцата високи американски гости доаѓаат за да изразат јасна поддршка за претстојниот референдум и за стапувањето на Македонија во НАТО.