Помошник државниот секретар на САД Мичел во Скопје

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Вес Мичел

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Вес Мичел денеска ќе престојува во посета на Македонија. Тој, меѓу другите, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот на парламентот Талат Џафери и со шефот на дипломатијата Никола Димитров. Мичел ќе има разговори и со координаторите на пратеничките групи во Собранието. Во текот на претстојниот викенд е најавена и посета на Македонија на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис како поддршка на референдумот за промена на името и за влез на земјата во НАТО и ЕУ.