Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека претстојниот викенд ќе ја посети Македонија за „многу јасно“ да ги истакне американските ставови против руската агресија. „Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели на многу кусо патување и јасно ќе дадам до знаење дека сме со македонскиот народ“, рече Матис во Пентагон, наведувајќи дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во Македонија исто како во Црна Гора пред влезот во НАТО лани. Црна Гора ја обвини Русија дека се обидува да го спречи влезот на земјата во НАТО и за обид за атентат врз премиерот.