Од Основното јавно обвинителство - Скопје, тврдат дека е испратена покана за неколку лица за давање изјава пред надлежен јавен обвинител во врска со злоупотреба на АКМИС-системот за електронска распределба на судските предмети во судовите.
Претходно судиите Владимир Панчевски и Јово Вангеловски, кои во повеќето медиуми беа наведени како дел од судиите кои биле повикани да дадат изјава во врска со злоупотреби на АКМИС-от, изјавија дека не добиле никакви покани.
Од Основното јавно обвинителство-Скопје, во изјава за МИА, велат дека не можат да потврдат дали денеска имало распит, по објавата на некои медиуми дека денеска во Обвинителство биле повикани Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, и Јово Вангеловски, актуелен претседател на Врховниот суд.