Министрите на денешната владина седница ја прифатиле новата Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија за 2018–2027 симболично насловена „Тимјаник“, соопшти Владата.
„Новата Национална стратегија за деинституционализација го проширува фокусот и нуди сеопфатен преглед на социјалните услуги во тековниот контекст. Стратегијата ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при спроведувањето на преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби. Во моментов во институции се сместени вкупно 2358 лица“, соопшти Владата.