Неколку илјади луѓе се собраа синоќа на истокот на Германија на повик на екстремната десница по смртта на едно момче за кое постои дека било убиено од двајца авганистанци, соопштија локалните власти на градот Кетен каде што страхуваат да не се повторат неодамнешните протести во градот Кемниц. Протестот бил одржан во напната атмосфера, а демонстрантите извикуваа пароли против мигрантите. Германската полиција претходно соопшти дека биле уапсени двајца авганистанци под сомневање дека го убиле момчето. Пред две недели сличен случај имаше и во Кемниц.