Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување какво било решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не дека не е оптимист по тоа прашање.
"Јас се молам тоа да биде за можеби пет до десет години. Ќе разговараме и ќе преговараме до исцрпеност, доколку е потребно. И затоа, во Косово дојдов да ви кажам дека некој, некогаш во иднина, ќе мора да постигне компромис со Албанците“, рече Вучиќ.
Во врска со можното разграничување со Косово, Вучиќ ја обвини српската опозиција.
"Ќе забележите, молчат гласно и кога треба да зборуваат за денешните граници на Србија, но тие работат во интерес на некои други земји, а не на нивнита земја... И кога ќе ви кажат дека сакам да ги сменам границите, тие лажат, бидејќи границите денес, каде се тие? Ние мислиме едно, Албанците друго. Еден дел од светот мисли едно, другиот дел мисли друго. Всушност, јас сакам да ги сменам вашите права. Состојбата не е иста како пред 30 и 50 години. Да ги освојам за Вас сите оние права што ви припаѓаат, а кои се дел од она што се нарекува цивилизиран свет", додаде српскиот претседател.