Заев: На 30 септември да ја запечатиме независноста

Преземете конкретен чекор на 30 септември, вие одлучувате за вас, за вашата иднина. Одлучувате дали ќе останеме сами, изолирани и беспомошни или ќе одиме во европското семејство и НАТО, повика вечерва премиерот Зоран Заев од централната прослава на 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија.

Тој им се обрати, пред се, на младите, дека тие се иднината и дека тие се оние кои ја водат Македонија државата кон европската иднина.

“Време е за европска Македонија. Да ја запечатиме независноста на 30 септември. На 30 септември да имаме втора независност“, рече Заев и п​овтори дека „јазикот и македонската националност се потврдени за век и векови“.