Противниците на референдумот со протест го слават 8 Септември

Протест и паралелна прослава на Денот на независноста на противниците на референдумот

Координативното тело против референдумот и мрежата #Бојкотирам вечерва пред Собранието организираат прослава по повод 8 септември, Денот на независноста, а воедно и протест против Договорот од Преспа и против референдумот на 30 септември.

Прославата и протестот почнаа во скопскиот Градски парк, а продолжија пред Собранието и Порта Македонија, под мотото “Среќен роденден Македонијо – Протестирам за да не е последен”.

Дел од програмата се и неколку музички групи и КУД “Никола Јонков Вапцаров”.